Малечок гениј заврши факултет на 9 години: Никој не може да открие како толку брзо да учи
Малечкиот генијалец од Белгија, Лорен Симонс, со само 9 години ќе добие факултетска диплома. Тој студира електротехника на Универзитетот во Ајндховен, кој важи за еден од најтешките и за многу постари студенти, не само за надарените деца.
Лорен целиот факултетски персонал го опишува како „извонреден“, а очекува во декември да ги заврши основните студии. Не планира тука да застане, туку сака да запише докторски студии по електротехника, додека истовремено студира медицина.
Kога неговите баба и дедо му рекоа дека е надарен, родителите Лидија и Александер мислеле дека претеруваат. Меѓутоа учителите тоа им го потврдија.
„Кај него забележаа нешто посебно“, вели мајката Лидија. Го тестираа повеќе пати, а малечкиот Лорен се впиваше како сунѓер. Сепак родителите досега не добија објаснување зошто Лорен така брзо учи. Да потсетиме, откако шестгодишниот материјал за средно училиште го помина за само година ипол дена, Лорен доби диплома – онаа која ја добиваат 18-годишни деца.
Како што рекоа неговите родители, Лорен има коефициент на интелигенција 145. Овој малечок гениј своевремено за локалното радио изјави дека најдобро му оди математика која му е омилен предмет „затоа што е толку обемна, има и статистика и геометрија и сметање“.
На надарените студнети им е овозможено побрзо да поминат преку материјалот и одделенијата.
„Лорен е најбрз студент кој сме го имале. Не само што е хиперинтелигентен, туку и многу симпатично момче“, рече Сјерд Хулсхоф од Универзитетот во Ајндховен. Неговиот напредок не помина незабележано, па веќе го бараат престижни универзитети ширум светот за кај нив да го продолжи школувањето.
Сепак, родителите се трудат да не поминува време само во учење.
„Не сакаме да биде премногу сериозен, прави што сака. Мора да се најде рамнотежа меѓу тоа што тој е само дете и неговите таленти“, вели мајката.
Лорен сака да си игра со своето куче, но и да „блее“ во својот телефон како повеќето млади. Инаку, би сакал да се занимава со развојот на вештачки орагни. Пред тоа, го очекува заслужениот одмор во Јапонија.