Прва жена излечена од СИДА

Американските научници објавија дека успешно ја излечиле првата жена, а вкупно трета особа од СИДА, со трансплантација на коскена срцевина на донатор кој имал природен имунитет на вирусот кој ја предизвикува болеста.

Случајот на средовечна пациентка од мешана раса беше претставен на научна конференција за ретровируси и инфекции во Денвер и таа е првата личност која се лекува со нов метод кој вклучува матични клетки од крв од папочна врвца.

По примањето на крвта од папочната врвца за третман на акутна мелоидна леукемија, форма на рак кој се формира во клетките кои формираат крв во коскената срцевина, пациентката се наоѓа во ремисија и е излечена од вирусот веќе 14 месеци.

Досега, двата случаи на излекувани од СИДА се однесуваше мажи, еден бел и еден латиноамериканец, а тие се излечени преку возрасни матични клетки, кои вообичаено се користат при трансплантација на коскена срцевина.

Овој случај е дел од поголема студија која третира 25 лица заразени со ХИВ вирусот, на кои ќе им биде извршена трансплантација на коскена срцевина. Сите тие прво ќе подлежат на хемотерапија за отстранување на канцерогените клетки. Потоа ќе им биде пресадена коскена срцевина од луѓе со специфична генска мутација кои немаат рецептори кои вирусот ги користи за инфицирање на клетките.

Научниците веруваат дека овие луѓе потоа ќе развијат имунолошки систем кој е отпорен на ХИВ.

Translate »