Сексуалната активност опаднала и кај мажите и кај жените, а тоа може да биде опасно по здравјето
Секој трети маж од 18 до 24 години изјавил дека минатата година немал сексуална активност, а во споредба со претходните резултати (2016-2018 година), сексуалната неактивност на жените од иста возраст останала константна – помеѓу 15 и 19 отсто.
Исто така, студијата открила дека сексуалната активност значајно опаднала кај мажите и жените на возраст од 25 до 34 години, а нема поместувања кај луѓето помеѓу 35 и 44 години.
Една од авторките на студијата, доктор по психологија на Државниот универзитет во Сан Диего, рекла дека младите луѓе можеби имаат помалку секс, бидејќи им треба повеќе време да напредуваат во ‘позрелиот период’. Тоа вклучува одложување не само на сексуалната активност, туку и други активности, вклучувајќи живот со партнерот, бременост и планирање на семејство, рекла таа.
Проблемот е во тоа што ова може негативно да се одрази на целокупното здравје на младите, поради тоа што може да предизвика стрес, а од него се раѓаат разни нездрави навики.