Ресторани Сидро место каде се будат сите сетила!
Доколку сакате да доживеете едно поинакво гастрономско искуство, не треба да патувате многу далеку! Дел го посетиле, останатите само слушнале за него, но она што треба да знаеме е дека рестораните Сидро се место со душа, кои го исполнуваат т.н. свето тројство во угостителството – одлична храна, пријатна атмосфера и љубезен персонал.
Нуди една медитеранска атмосфера идеална за релаксација и уживање, а сте во срцето на Скопје. Секогаш не пречекува опуштена атмосфера со одлична храна, која ни овозможува да се исклучиме од градскиот метеж и барем за неколку часа да уживаме со сите сетила.
Не е случајно што рестораните Сидро се омилено сврталиште на познати лица од нашето опкружување и од регионот, гости кои знаат да препознат добра морска храна, и кои ако треба ќе поминат и повеќе километри за да уживаат овде.
Дефинитивно место со пристојни цени и специјализирано само за морска храна, каде можете да дојдете со своето семејство или блиските пријатели, без повод, и да вкусите од: најдобриот крап, пржени лигњи, ракчиња во кадаиф, лосос, диви морски риби, рижото со морски плодови или пак со сипа, како и превкусниот октопод кој овде се подготвува на врвен начин. Сите морски специјалитети се подготвуваат на уникатен начин кои го задржуваат природниот и автентичен вкус, затоа и нивниот слоган гласи: Сидро – вкусот на морето во Скопје! Овде може да се напиете и природни вина од домашни македонски винарии, а едно од нив е белото Шардоне од винарија Кукутанов.
Затоа, опуштете се, оставете се’ како што ви е дома и овој ден дојдете во ресторани Сидро!
Ви се допаѓа идејата? Тргнуваме!