СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ИДНИОТ ПЕТОК ИЗЛЕГУВААТ НА ПРОТЕСТ
Незадоволни од одлуката на Министерството за образование наставата во новата учебна година да се следи исклучиво онлајн, средношколците идниот петок излегуваат на протест.
Претставници на средношколците од 17 града во земјава денеска се одлучија за ваков потег на одлуката за онлајн-настава.
Оттаму сметаат дека треба да има комбинирана настава, односно овозможување и на физичко присуство на наставата во регионите каде тоа го дозволуваат здравствените услови, а не само онлајн.