Мајка уби натрапник со пиштол
Мајка којашто го чекала своето дете пред основно училиште во Сао Паоло, Бразил, уби натрапник кој со пиштол се обидел да ги ограби присутните деца и родители.

Напаѓачот е идентификуван како Еливелтон Мореира (21). Откако бил совладан, тој бил пренесен в болница, каде што и починал.
Сето тоа се случувало по забава во училиштето, по повод Денот на мајката.
Гувернерот на Сао Паоло, Марсио Франча ја награди храбрата мајка со орден на храброст.МИА

