Судијката Кацарска ја искара адвокатката на Груевски: На нечесен начин се обидувате да протнете доказ

Судијката Добрила Кацарска на денешното судење за случајот „Тенк“ ја искара адвокатката на Никола Груевски дека изведува докази кои не смее да ги презентира во оваа фаза.

– На некој нечесен начин се обидувате да протнете доказ. Најпрвин ќе ги прочитате оние докази за кои судот ви дозволи да ги изведете. Држете се стриктно до тие докази. Тој технички наод и мислење кој го спомнавте, до овој момент ниту е доставен ниту најавен пред судот, затоа не можете да го изведете во оваа фаза, ја искара судијката Кацарска адвокатката Сања Алексиќ.

На денешното рочиште најпрво се изведуваа дополнителни докази од Специјалното јавно обвинителство, а сега се читаат доказите поднесени од одбраната.

Извор: Фокус

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »