Иновативните софтверски решенија се вашето „оружје“ во борбата против конкуренцијата

Технологијата го промени начинот на водење бизнис, во светот, но и тука дома, во нашата земја! А напредните софтверски решенија не се нешто далечно, тие се тука, дел од нашето секојдневие! Тие влијаат на начинот на водење бизнис, на конкурентноста на една компанија, на нејзиниот развој.

Веќе не се поставува прашањето дали треба да се инкорпорираат новите софтверски решенија, туку колку брзо и какви сѐ напредни решенија и услуги ќе се користат.

Таков е и примерот со компаниите БиМилк, Плива, ЕуроФарм кои меѓу првите во земјава ги увидоа бенефитите од иновативно софтверско решение “Амбион на македонската компанија Зонел Софтвер, кое обезбедува прецизно следење и евиденција на температурата и релативната влажност во една просторија, особено погодно за оние кои чуваат месо и месни производи, сладоледи, млеко и млечни производи, лекови, козметика или било кој друг асортиман осетлив на промена на температура и релативна влажност?

Софтверско решение кое спречува материјални и финансиски загуби поради расипување или лошо складирање на производите, кое обезбедува непречена работа за бизнисите, дава сигурност и безбедност за квалитетот на производите.  AMBION овозможува мерење и на други амбиентални параметри: влага, прашина, CO2, бучава, светлина …

Најновите софтверски решенија имаат огромно влијание на бизнисите. Едно е сигурно, иновативната технологија оди и ќе оди напред.  На претприемачите останува да решат дали сакаат и понатаму нивните компании да се развиваат, или едноставно само да се борат за опстанок.

“Дали иновативните софтверски решенија се добри или лоши зависи од корисникот, зависно од тоа како и дали ќе ги искористите нивните потенцијали, и колку брзо тие ќе бидат дел од работењето на една компанија”, изјави Гоце Џуровски, Менаџер за маркетинг и продажба во Зонел Софтвер, компанија од која доаѓаат повеќе иновативни софтверски решенија.

Translate »