Време е да го испланирате летниот одмор: Будва ве очекува!
Доколку минатите две години патувањата беа ограничени поради пандемијата и стравот од неа, оваа година ситуацијата е многу подобра. Не постојат никави ограничувања, сместувачките капацитети се подготвени, па е време да размислиме каде ова лето на одмор?
Можеби токму Будва и Будванската ривиера е локацијата која треба да ја одберете. Црногорците се познати по својата љубезност, а цените за сместување се прифатливи. Дополнително Црногорците кон нас Македонците негуваат позитивни чувства, особено се културни, што прави да се чувтсвуваме како дома.
Прекрасното крајбрежје на Будванската ривиера, убавите плажи, небесно синото море и богатиот ноќен живот нудат неповторливо летно уживање. Будва и оваа сезона со многу љубов сака традиционално да ги угости сите туристи од целиот Балкан, кои претставуваат 35% од вкупниот број на посетители во изминатите години.
Но, Будва е многу повеќе од нејзините плажи и брегови. Како еден од најстарите градови на јадранскиот брег, Будва изобилува со прекрасни градби и историски знаменитости во стариот дел на градот кои може да се посетат додека не уживаме во сонцето на некоја од златно-жолтите плажи. Тесните будвански улички ќе не однесат на незаборавни прошетки преку кои подобро ќе го запознаете локалното население кое секогаш е љубезно и расположено за разговор со посетителите, а можеби ќе сретнете и некој од светски познати музичари, актери, спортисти и дипломати, кои често доаѓаат тука да го поминат својот летен одмор.
Веќе со години Будва е позната како најсјајниот туристички бисер на јадранскиот брег. Таа претставува уникатен микс на култури под влијание на истокот и западот, на кој придонесува секој еден турист кој ќе стапне на нејзината територија. И ова лето може во Будва ве чекаат огромен број активности кои ќе ви ги исполнат деновите: нуркање, скијање на вода, музички спектакли и секако, прекрасна храна. Дознајте зошто Будва е една од омилените туристички дестинации во Европа.