Охриѓанката Елени Коровеш е лидер во машкиот инвестициски свет во Доха

Катарските медиуми ја сместуваат Елени Коровеш меѓу ретките жени-пионери што успеале со своето знаење да се искачат на лидерските позиции во финансискиот сектор, кој во оваа земја е познат по доминантниот машки свет

Елени Коровеш е дипломиран економист од Охрид и преку Љубљана се вивна во деловниот свет во Катар. Успешна, вредна и остроумна, денеска живее и работи во Доха, главниот град на Катар. Таа е меѓу малобројните жени што го креираат влијанието во катарскиот финансиски сектор. Медиумите таму ја сместуваат меѓу ретките жени-пионери што успеале со своето знаење да се искачат на лидерските позиции во финансискиот сектор, кој во оваа земја е познат по доминантниот машки свет. Елени е финансиски аналитичар во групацијата Al Jassimya Investment и член на управниот комитет на организацијата „Жени во инвестициското управување“. Оваа 30-годишна жена е упорна и се пробива во машкиот свет рушејќи ги бариерите и сфаќањата во професијата каде што мнозинството се мажи. Во Катар е веќе 5 години и вели дека за нејзината работа најважна е упорноста.

– Се обидувам да внесам позитивна енергија во размислувањето и секојдневните одлуки. Моето искуство сведочи дека навистина животот ни е таков какви што ни се мислите и дека ние самите сме креатори на сопствената среќа и судбина – вели Елени.

Таа е меѓу малобројните жени што го креираат влијанието во катарскиот финансиски сектор

Како се случи да ја изберете оваа арапска земја за професионална реализација по завршувањето на студиите во Љубљана?

– Тоа беше сплет на интересни околности и почетничка среќа. Во април 2014 година го претставував Универзитетот во Љубљана, со проект за евалуација на акциите на „Горење“ на интернационалниот натпревар во Милано, организиран од CFA Институтот. Токму таму имав можност да остварам контакти преку кои во септември, истата година, добив стручна пракса на една година под менторство на генералниот финансиски менаџер на една од најголемите катарски компании – Mannai QSC. Тоа навистина беше едно извонредно и пресудно искуство за понатамошниот развој на мојата кариера.

Poveke na:

https://www.fakulteti.mk/news/29012020/ohrigjanka-e-lider-vo-mashkiot-investiciski-svet-vo-doha


Translate »