Шведските власти се во општа паника!
Шведските власти најавија дека ќе вработат уште 10.000 медицински сестри и негователи за стари и немоќни лица кои што се наоѓаат во најголем ризик од зараза на коронавирусот, известува лондонски „Guardian“.
Во меѓувреме, денес било соопштено дека уште 147 луѓе починале како последица на Ковид-19 во Шведска, каде што досега вкупниот број на починати изнесува 3.460, од кои половина се луѓе од домовите за стари лица, а една четвртина се граѓани кои што се во поодмината старост.
Шведска првиот случај на заразен пациент од Ковид-19 го регистрирала во месец ноември. Државниот епидемиолог Андрес Тајнел изјавил дека некои од случаите откриени биле меѓу луѓето кои што допатувале од Вухан.
„Немаше ширење на инфекцијата надвор од Вухан, додека подоцна не стигна во Европа. Но мислам дека би можеле да пронајдеме некои од случаите меѓу оние кои што престојувале во Вухан во текот на ноември и декември минатата година. Тоа воопшто не е чудно, туку природно“ – објаснил тој.
Шведска е една од земјите кои што му одолеа на карантинот, сепак нема планови да спроведе масовно тестирање на коронавирусот, меѓу пациентите кои што кон крајот на минатата година биле хоспитализирани.