Драма на „Вембли“: Англија со пресврт jа исфрли Хрватска во Лига Б (видео)
Репрезентацијата на Англија со пресврт славеше над Хрватска (2:1) на „Вембли“ и го освои првото место во групата, додека „коцкестите“ испадаа на Лига Б.
Гостите од Хрватска поведоа во 57-ТА минута по соло акција на Андреј Крамариќ, кој едноставно ја измеша целата англиска одбрана.
Но, тоа не ги поколеба Англичаните кои во 78-та минута израмнија преку Лингард, а капитенот Хари Кејн со својот прв гол во ова натпреварување во 85-та минута го комплетираше пресвртот.