ВИДЕО: Мутираните волци од Чернобил сеат страв: Радиоактивните започнале да заземаат голема територија…

Волците кои што живееле на местото на една од најголемите светски еколошки катастрофи – Чернобил, сега живеат во остатокот од светот, а научниците стравуваат дека тие би можеле да шират мутирани гени.

Овие волци започнале да го напуштаат подрачјето околу Чернобил од 2016-та година кога според последните евиденции имало околу 300.

Новата студија која што е објавена во Европскиот магазин за истражување на диви животни покажала дека на околу 30 километри од Чернобил дивината останала сочувана, затоа што немало човечки фактор за да влијае над животните.

Како што е познато, во раните утрински часови на 26-ти април 1986-та година дошло до катастрофа во нуклеарната електрана во тогашниот Советски Сојуз – експлозијата на нуклеарниот реактор исфрлила смртоносна количина на „атомски материјал“ во атмосферата со што уби илјадници жители.

Набрзо целиот регион стана непогоден за живот и околното население било евакуирано, но животинскиот свет продолжил нормално да живее. Волците од тогаш започнале дури и повеќе да се размножуваат, а научниците веќе со децении го следат нивното однесување поради изложеноста на радијацијата.

„Сега за прв пат успеавме и да лоцираме и да следиме млад волк кој што излезе од оваа зона“, изјави екологот и лидерот на истражувачката екипа – Мајкл Бајрн кој што откри дека популацијата на волци се зголемила за седум пати.

За само три седмици, радиоактивниот волк кој што го следеле научниците поминал дури 300 километри. Иако Бајрн вели дека можно е волците веќе и да не се радиоактивни, тие сепак најверојатно се носители на мутирани гени.

Translate »