„Заработив доволно за да ја хранам цела Србија“ – Ѓоковиќ отвора ресторан за бездомници
Најдобриот српски тенисер во историјата уште еднаш покажа дека е многу повеќе од врвен спортист. Новак Ѓоковиќ планира да отвори ресторан за бездомници, се вели во изјавата објавена од неговата служба за печатот испратена до британските медиуми.
„Парите не ми се проблем, заработив доволно за да ја нахранам целата Србија. Мислам дека тие заслужуваат вакво нешто, затоа што ме поддржуваа цело време“, се вели во соопштението.