И жените не се искрени во сексот: Ова се петте најчести лаги што ги кажуваат!
Експертот за секс, Надија Бокоди, вели дека никогаш не запознала жена која не кажала барем една од најчестите лаги во кревет – само за да му угоди на партнерот.
На прашањето зошто е тоа така, Надија одговара: „Жените имаат потреба да ставаат други луѓе пред себе, тоа е вродено за нив, а истото се случува и во сексот“.
Таа откри некои од најчестите женски лаги во спалната соба:
Глумење оргазам
Надија ги советува жените да не лажат за својата кулминација за да му угодат на својот партнер, иако секој тоа го сторил барем еднаш. „Многу жени користат лажен оргазам како „оружје“ за да се стави крај на лошиот секс. Затоа мажите се убедени дека нема жена која не успеале да ја задоволат“.
Лажење за големината на пенисот
Нормално е да сакате да му дадете на партнерот комплименти во кревет, но да му кажете дека неговиот пенис е многу голем, не е многу добра идеја. Бокоди вели дека жените ја користат оваа тактика, особено со оние мажи кои имаат „синдром на мал пенис“, па затоа постојано бараат потврда.
Преправање дека немаат искуство
Некои жени, тврди Надија, се преправаат дека немаат многу искуство во кревет за да го подигнат егото на партнерот – дури и ако не му недостасува самодоверба.
Тајно се задоволуваат се со вибратор
Под изговор дека одат да мијат заби или да се истушираат, жените одат во тоалетот и го довршуваат односот со вибратор затоа што нивниот партнер не успеал да ги доведе во кулминација.
„Ниско либидо“
Кога не се заинтересирани за партнер и кога ќе сфатат дека тие всушност не ги привлекуваат, жените избегнуваат секс под изговор дека имаат мало либидо или желба за секс.