Почетокот на вакцинацијата во Велика Британија е можен за десеттина дена
Британската влада именувала секретар за вакцина, бидејќи за десеттина дена би можела да започне вакцинацијата на милиони луѓе против коронавирусот.
Премиерот Борис Џонсон рекол дека најголемиот британски програм за вакцинирање ќе го надгледува конзервативниот претставник Надим Захави.
Британските власти моментално ја проценуваат безбедноста и ефикасноста на две вакцини: една која ја развиле компаниите “Pfizer” и “Biontech” и втора чии творци се Универзитетот Оксфорд и компанијата “AstraZeneka”.
Весникот “Guardian” навел дека властите во болниците рекле дека првите дози на вакцината на “Pfizer”, ако биде одобрена, би можеле да ги добијат од 7-ми декември.
Британските власти навеле дека вакцината први ќе ја примат здравствените работници и корисниците на домовите за нега на лица, а потоа старците, и тоа прво постарите од 80 години.
Велика Британија нарачала 40 милиони дози од вакцината на “Pfizer” и “Biontech”, што е доволно за 20 милиони луѓе, како и 100 милиони дози од вакцината на Универзитетот Оксфорд и компанијата “AstraZeneka”.
Британската влада одлучила да купи до 355 милиони дози вакцини од седум произведувачи, бидејќи сака да вакцинира колку е можно повеќе од 67-те милиони жители.
“Pfizer” и “Biontech” наведуваат дека нивната вакцина е ефикасна 95 проценти.