Распродажбите на Блек фрајдеј го победија коронавирусот, моловите преполни со купувачи
Редици луѓе во моловите кои чекаат да ги искористат попустите и во исто време луѓе како чекаат по болниците, чекајќи за слободен кревет и молат за живот се нашето секојдневие. Дали живееме во паралелни светови? Загриживачки слики и видеа на социјалните мрежи. Надлежните институции треба да бидат свесни дека кризна состојба и Black Friday не одат заедно доколку го знаете менталитетот на народот и пред да се лоцира вината треба да се размисли, смета професор Пановски.
Граѓаните сметаат дека луѓето би требало во моментов да се воздржат од ситуации кои можат да бидат ризични за нивното здравје. Во меѓувреме здравствените работници се веќе исцрпени и капацитетот на медицински лица е ограничен. Граѓаните треба да бидат свесни дека нивното своеволие го загрозува и индивидуалното и колективното здравје, велат лекарите.