(ВИДЕО) Масовна тепачка помеѓу штипјани и кавадарчани. Полицијата спречи хаос!
Полициска интервенција и повредени забележа денешното видео на локален медиум во инцидентите околу градскиот стадион во Штип, по избивање на тепачка помеѓу групи на навивачи на ФК Брегалница и ФК Тиквеш
Навивачките групи на „Фаланга“ и „Лозари“ денеска физички се пресметаа по улиците на Штип, иако се играше беспрекорен фудбалски натпревар на теренот во дербито на 14. коло од Втората лига – Исток меѓу Брегалница и Тиквеш, по што настанаа вознемирувачките сцени околу Градскиот стадион во Штип.
Мораше да интервенира полицијата, за да ја смири толпата, а според првичните информации има и многу повредени лица.
Од МВР најавуваат дека наскоро ќе следи информација за јавноста и поднесување кривични пријави за учесниците во инцидентот.
blob:https://www.facebook.com/60f68a3e-f555-409b-bcba-82c74b3ab09e
https://www.facebook.com/watch/?v=295507591769935&ref=external