Вознемирувачко видео: Го застрела соседот, по кавгата за душек

Драматични снимки доаѓаат од западен Тексас, каде што еден човек е застрелан во кавга со соседот. За да е апсурдот поголем, животот на две семејства беше уништен поради кавгата околу еден душек. Немилиот настан се случил на првиот ден од септември, но видеото стана вирално во петокот.Се започна кога таткото Џон Милер (67) и синот Мајкл Милер (31) се судрија со соседот Арон Хауард (37) околу местото каде што беше фрлен душек. Тоа жестоко утро, Хауард и неговата свршеница Кара Box забележале дека стар душек бил фрлен на нивниот имот, па затоа го зеле и го фрлиле во контејнер на улица. Инаку, тој душек бил фрлен од Хауард и Кара неколку дена претходно во контејнерот. Тогаш Џон Милер се враќа со истиот душек и го фрла во дворот. Хауард му кажал на Џон Милер да го врати душекот назад во контејнерот, но тој одбил, и така започна кавгата.Во еден момент, Милер и Мајкл револтирано пукаа во соседот, додека неговата свршеница го снимила настанот.

Translate »