Хари за кралицата: Сите паничиме кога ќе ја видиме!
Да се биде монарх е привилегија со која ретки се раѓаат, но понекогаш оваа функција е застрашувачки тешка, па дури и за најблиските членови на кралското семејство. Принцот Хари неодамна призна дека и се уште го фаќа паника кога низ ходниците на палатата ќе ја сретне неговата баба, кралицата Елизабета II.
Во претстојниот документарен филм „Queen of the World”, кој наскоро ќе биде на ITV, внукот на кралицата Елизабета Втора, принцот Хари, се сретна со посетители од Карибите кои ја посетија Бакингемската палата и ја искористи можноста да се пошегува со нив.
– Вие во Бакингемската палата поминавте многу повеќе време отколку јас, а тука сте само две недели – изјвави 34-годишниот принц.
– Дали налетавте на кралицата низ ходниците? Ако случајно се сретнете не паничете. Знам дека ќе паничите. Сите ние паничиме кога ќе ја видиме! – додаде британскиот принц низ шега, но колку вистина има во ова, останува да дознаеме.
Хари и сите други членови на кралското семејство ќе учествуваат во документарецот за кралицата Елизабета Втора. Неговата сопруга, Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, исто така ќе биде дел од филмот, ќе зборува за нејзината венчаница.
Документарниот филм ќе биде емитуван непосредно пред официјалната посета на Хари и Меган во Австралија, Нов Зеланд, Фиџи и Тонга.