(Видео)Момчето од Драчево сведочи: Ме удираа со пиштол по главата, се обидуваа да ме убијат

,,Ме удираа со пиштол во главата, и двапати во ногата бев прободен со штрафцигер или нож. Едноставно, се обидуваа да ме убијат “– сведочи за Фокус  27 годишното момче од Драчево кое синоќа беше брутално претепано во скопски Аеродром. На фрекфентна локација пред ресторан бил пресретнат од четири лица кои му нанеле тешки повреди на главата.

Откако паднал во бессознание, напаѓачите се качиле во автомобил и избегале. Тој твдри дека биле лихвари на кои што им го вратил долгот, но му барале камата. Неговата девојка која била со него за време на настанот ги препознала напаѓачите. Вознемирена барала помош од случајни минувачи.

Според очевидци, откако напаѓачите заминале, луѓето кои се нашле на улица му помогнале на повредениот да се освести а потоа бил пренесен во Ургентен центар. По извршен преглед бил пуштен на домашно лекување.

„Момчето е опсервирано на Ургентниот центар и проследено со видливи  повреди  на лицето и по стабилизрањето на состојбата не беше задржан нашата клиника.“ – вели Владимир Рендевски – Клиника за неврохирургија.

Од министерството за внатрешни работи велат дека четворицата идентификувани лица се повикани во полициска станица. Се работина расчистување на случајот.

Translate »