Панчевски му оговори на Унковски: Чизмите од мајка ти ги фрливме усмрдени беа
Претседателот на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски реагира на текст на режисерот Слободан Унковски кој од Виена раскажува за денот на скопскиот земјотрес.
Во текстот Унковски зборува и за домот на улицата Орце Николов кој тој го нарекува “нашиот”.
Откако на постот на Фејсбук Унковски ја избришал реакцијата на Панчевски, судијата повторно го објавува својот став за текстот на режисерот.
Текстот на Унковски кој беше министер за култура на СДСМ на линкот на плусинфо.мк
Целиот одговор на Панчевски:
“Комуњарските бандити од јавно осудениот комунистички режим во 50-тите години извршија национализација на имотите на чесните со труд и мака заработени имоти на нашето семејство со десетици години пред тоа, ги уништија и сотреа нивните семејства меѓу кои беше и семејството на газдите на објектот на ул. Орце Николов бр.86 и 84 чиј внук и наследник е поранешниот претседател на еден скопски суд, чие што име не го ни знае драматургов. Моето семејство егзистирало и егзистира и ќе егзистира на овие простори Македонци сме тоа и ќе останеме издржавме многу и ако треба уште многу ќе издржиме. Вие од Виена гледам далеку сте дотуркале ама мрачното минато на моите предци ве прогонува и ќе ве прогонува за навек. Чизмите од мајка ти и мексичките црни кондури ги фрливме во контејнер, усмрдени беа, како што беше и станот во кој тогашниот режим ги сместил своите режимски чеда. Куќата на ул. Орце Николов 86 никогаш не била твоја куќа, била украдена како што бил украден и животот на нејзините сопственици што сега ги нарекуваш газди. Истите тие газди ви ги метеа и рибаа ходниците. Додека семејството на драматургот го владееше нивниот стан бесплатно по партиска заслуга, газдите спиеја по подруми прогонувани од тогашниот комунистички режим. Такви беа семејствата на Унковски, Ношпал, Групче, Пеза, Николиќ, Димитровски и други сместени во удобниот раскош на туѓата пот, тие ги земаа детските и младешки денови на моите дедо, баба, родители, тетки, чичковци“, му пишува судијата Панчевски на режисерот Унковски со пораката: #лесноесотеатарскипретстави и на туѓ грб патетичен си!