РАЗГОВОР МЕЃУ СПАСОВСКИ И ТРУДО: БЛАГОДАРНОСТ ДО КАНАДА ЗА ПОМОШТА ШТО НИ ЈА ДАДЕ
Во разговор со канадскиот премиер Трудо преку видео конференциска врска, техничкиот премиер Оливер Спасовски му се заблагодарил за помошта што Канада ја даде на Република Северна Македонија за надминување со последиците од коронавирусот, со што се истакнала одличната и континуирана соработка и партнерство меѓу нашите земји.
Двајцата се согласиле дека КОВИД-19 е глобален предизвик и дека е потребен глобален одговор до кој треба да се стигне низ поблиска соработка преку мултилатералните институции.
„Со нашето членство и сојузништво во НАТО се отвораат дополнителни можностите за соработка за што постои интерес од двете страни“, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.
Премиерот на Канада Трудо од своја страна изрази задоволство од цврстата билатерална и значајна соработка и рече дека неговата земја се гордее за поддршката што Канада ја изразуваше за интегрцијата на Северна Македонија во НАТО, и што во иднина двете земји ќе соработуваат поблиску како сојузници.
„Канада, истакна во разговорот со Спасовски премиерот Трудо, продолжува да ги поддржува напорите и аспирации на нашата земја за членство во ЕУ, и упати честитки што Владата на Македонија во изминатите три години успеа да постигне значајни резултати и да надмине големи предизвици за да ги реализира Евро-Атланските аспирации на државата и на сите нејзини граѓани“, стои во соопштението од Влада на РМ.