Повеќе од седум милиони луѓе на светот имаат коронавирус: Опасноста не е пронајдена, еден детаљ укажува дека има многу повеќе
Бројот на заразени не ја преставува вистинската слика на пандемијата, бидејќи некои земји тестираат само тешко заболени.
Најмалку 411.588 лица до денес починале во светот од пандемијата на коронавирусот, повеќе од 7.254.140 се заразени, додека најмалку 3.214.600 закрепнале од болеста.
Бројот ја заразени не ја претставува вистинската слика на пандемијата бидејќи некои земји ги тестираат само потешко заболените, некои користат тестирање за следење на вирусот, додека голем број на сиромашни држави имаат ограничени капацитети за скрининг.
САД се најпогодена земја од пандемијата со 112.006 починати и 1.979.893 заразени, додека закрепнале најмалку 524.855 лица.
По САД, најпогодени земји се Велика Британија со 40.883 починати и 289.140 заразени, Бразил со 38.406 починати и 739.503 заразени, Италија со 34.043 жртви и 235.560 заразени и Франција со 29.296 жртви и 191.394 заразени.
Кина, без териториите на Хонг Конг и Макао, каде епидемијата избила кон крајот на декември 2019-та година, има 83.046 заразени, вклучувајќи три нови случаи, 4.634 жртви и 78.357 закрепнати.
Европа има 185.130 жртви и 2.318.773 заразени, САД и Канада имаат 119.958 жртви и 2.076.546 заразени, Латинска Америка и Карибите имаат 69.372 жртви и 1.411.279 заразени, на Блискиот исток има 10.887 жртви и 501.180 заразени, АФрика има 5.529 жртви и 203.457 заразени, а Океанија има 131 жртва и 8.648 заразни.
“France Presse” собрал податоци од националните здравствени служби и Светската здравствена организација.