Советник на Чулев е позитивен на Ковид – 19
Mинистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска соопшти дека негов советник е позитивен на Ковид -19.
Од МВР информираат дека советникот не се заразил додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место.
На работа лицето последен пат било на втори јуни, а тестот му е направен на 6 јуни. Со Чулев последен пат се виделе на 24 мај.
Нема ниту едно лице од Кабинетот на министерот во изолација во моментов. МВР ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени.
Во Македонија и денеска има висока бројка на заразени.