Д-р Мехмедовиќ: „Не сакам да го вперам прстот во народот, има системски пропусти кои што укажуваат дека денес можеби можевме да имаме помал број случаи“

Во денешното издание на „Отворено студио“ на „ТВ 24“, поранешниот директор на Здравствениот дом во Скопје, д-р Злате Мехмедовиќ, даде оценка дека генерално нема забелешки во работата на здравствените власти и Комисијата за заразни болести.

Како што вели тој и кај нас, како и во останатиот дел од светот, беа спроведени истите мерки кои што ги предложи СЗО за заштита од коронавирусот.

„Причината поради која денеска имаме троцифрени бројки на новозаразени е поради неодговорноста на поголемиот дел од граѓаните во нашата држава.

Замислете што ќе се случеше доколку сите граѓани не ги почитуваа мерките, а да не беше тоа случај само кај поединци? Не би сакал да го вперувам прстот кон народот и да кажам дека народот е виновен за состојбата што ни се случува.

Имаме народ кој што има свои културолошки карактеристики, има свои етнички карактеристики и политички, и сите тие карактеристики го детерминираат неговото однесување. Народот практично не мора и не може да знае колку е опасен коронавирусот“ – изјавил д-р Мехмедовиќ.

Тој додал:

„Има системски пропусти кои што укажуваат на тоа дека денес можеби можевме да имаме помал број на нови случаи, доколку сме постапеле поинаку.

Пред сè тука мислам на контролата на превентивните мерки коишто беа донесени со одлука на Владата. Тоа не беа препораки, тоа беа мерки коишто се одлуки и истите мора да се почитуваат.

Доколку истите не се почитуваат тогаш нормално е дека за тоа следуваат санкции. Реално очекувам во наредниот период да видам колку е реализирано во сверата на контролирањето на мерките од страна на надлежните институции во форма на извештај за да можеме навистина да дадеме заклучок дека непочитувањето на мерките е причина поради која што се соочуваме со денешната состојба“ – изјавил др- Мехмедовиќ.

Translate »