Скандал во битолската гинекологија: Невработено лице изведувало операција врз пациент
Директорката на битолската болница доктор Билјана Гагачовска за „Слободен печат“ потврдува дека на одделението за гинекологија пријавено било невработено лице како изведува медицинска операција врз пациент.
Таа рече дека цел медицински персонал што бил присутен дента се соочува со покрената дисциплинска постапка и дека повеќе детали ќе соопштат во текот на денот официјално преку соопштение.