Четири лица се ранети во престрелка во центарот на Ниш

loading...

Полицаец  и уште три лица се ранети синоќа во престрелка, пред кафуле, во центарот на Ниш.

Сите повредени, меѓу кои и напаѓачот, се згрижени во  Клиничкиот центар.

Од ургентниот  центар, каде се наоѓаат повредените, велат дека никој не е животно загрозен.

Напаѓачот, со автоматска пушка,   прво пукал во обезбедувањето на кафулето , а потоа и на полицијата која интервенирала.

Центарот на  градот , по инцидентот, синоќа бил блокиран.

Translate »