Објавен повикот за субвенции за вградување плин во возилата

Министерството за економија го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на плински уреди, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата. Граѓаните ќе можат да аплицираат за субвенции до 50 отсто од трошоците, но не повеќе од 18.000 денари за вграден плински уред по возило.

Како што се наведува во објавениот повик, субвенционирањето ќе важи само за едно возило по семејство. Од државниот буџет за оваа намена се одвоени 15 милиони денари.

Субвенционирањето ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“. Право на учество имаат сите сопственици на возила што се произведени во периодот по 2005 година. Потребната документација треба да се достави најдоцна до 2 декември до Министерството за економија.

Субвенциите за вградување плин во возилата се една од владините мерки што е насочена кон справување со проблемот на аерозагадувањето.

Translate »