Спанулис за 46 секунди постигна три тројки! (видео)
Натпреварот ќе остане забележан по нешто што ретко се …
Шампионот од Евролигата, Реал Мадрид го доживеа првиот пораз во новата сезона, откако во деветтото коло „налета“ на расположениот Василис Спанулис и Олимпијакос, кои ги победија со 88:83 во Грција.
Натпреварот ќе остане забележан по нешто што ретко се гледа на терените – Спанулис постигна три тројки за само 46 секунди во третата четвртина за неверојатно лудило во Атина.
Во Израел пак, финалистот од Евролигата, Фенербахче стигна до тешка 74:70 гостинска победа кај Макаби Тел Авив, но најмногу по сѐ изгледа настрадаа и така „тенките“ нерви на тренерот Жељко Обрадовиќ.
Макаби беше во контрола во првото полувреме и имаше предност од 41:36, нешто што очигледно не му се допадна на српскиот стручњак, кој повторно имаше еден од своите „испади“. На крајот, Костас Слукас даде 18 поени, Марко Гудуриќ додаде 13, а Фенер стигна до осмата победа и се израмни со Реал.