„Каде одат моите пари?“ Колку плаќате на државата, што останува за Вас?

Ова се дел од пресметките на симулаторот „Каде одат моите пари?“, кој како отворен извор што може секој да го користи, го изработи и го објави Центарот за граѓански комуникации. Преку симулаторот можете сликовито, во бројки, да видите колку плаќате дневно, како даночен обврзник, за функциите на централната власт

Ако земате просечна плата во Македонија, секој ден ја финансирате државата со 464 денари за различни работи – образование, одбрана, економски работи, јавен ред и мир, рекреација, заштита на животната средина. Месечно тоа изнесува 13.920 денари, а годишно од вашата нето-плата преку даноци би издвојувале 167.040 денари за државата.

Ова се дел од пресметките на симулаторот „Каде одат моите пари?“ што го изработи и го објави Центарот за граѓански комуникации. Симулаторот како отворен извор на информации може секој да го користи.

Инфографик: Катарина Пренда
Симулаторот е само еден пример да видите сликовито, низ бројки, колку плаќате дневно како даночен обврзник за функциите на централната власт.
– Основата на платата е дадена во нето-износ. Сакавме на корисниците да им дадеме алатка преку која можат реално да видат колку пари дневно даваат за да функционира централната власт – велат од Центарот.
Симулаторот на Центарот за граѓански комуникации

 

Во нашите пресметки претставени и на инфографиците како пример земаме еден месец од 30 дена, една просечна плата и симулираме колкав дел преку даноци издвојувате на дневно, месечно и на годишно ниво. Според последните податоци од Државниот завод за статистика објавени во август, просечната нето-плата во Република Македонија е 24.210 денари. Ако во месец од 30 дена издвојувате 13.920 денари за да функционира државата, тоа значи дека повеќе од 50 отсто од вашата плата одат за државата, преку даноци. Поточно, од својата плата за државата давате 54,49 отсто. Реално, за вас остануваат 45,51 отсто, односно 10.290 денари.
Инфографик: Катарина Пренда
poveke na:
https://www.fakulteti.mk/news/23112018/kade-odat-vashite-pari-presmetajte-kolku-davate-za-drzhavata-dnevno-a-shto-ostanuva-za-vas
Translate »