1800 жени влегоа голи во море во Ирска заради поддршка на болни од рак (видео)
Во Ирска, околу 1800 голи жени учествуваа во хуманитарна кампања за борба против ракот.
Во добротворната акција учествувале оние кои ја победиле таа болест како и оние кои сé уште се борат со неа, објави Дејли меил.
Благодарение на придонесите на учесниците, организацијата успеа да собере повеќе од 700.000 евра за лекување луѓе со рак.