Животот е како бумеранг: Сѐ што правиме ни се враќа назад

Еден човек се возел во автобус и размислувал за животот.

Па така, тој во себе си зборувал и велел:
„Жена ми – глупава, пријателите – кретени, животот – одвратен.“

Зад него стоел еден ангел и забележувал сѐ во својот нотес и го гледал чудно.

По некое време, ангелот рекол:

„Чуден е овој човек, а чудни се и неговите желби.
А најинтересно е тоа што секој ден го посакува истото…
Ама што да правам – морам да му ги исполнувам желбите.“

Играта на животот е како игра со бумеранг.

Нашите мисли, дела и зборови (и позитивните и негативните), порано или подоцна ни се враќаат како бумеранг и ни го обликуваат животот со неверојатна прецизност.

Едноставно не е возможно човек да мисли и да прави лошо, а за возврат да прави добро!

Translate »