Hyaluron-Filler Ноќeн пилинг и серум со хијалуронска киселина и комплекс алфа-хидрокси киселини видно го подобрува изгледот на кожата
Разговор со Ан-Мари ван Геловен – „Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум е нашиот прв комбиниран производ за пилинг и нега на кожата – за ефикаснo обновување на површинскиот слој на кожата, обновување на кожните клетки и пополнување на брчките“
Инспириран од два дерматолошки третмани за лечење, новиот производ Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум предлага истовремено нежна ексфолијација и ефикасно пополнување на брчките за подмладена, мазна и сјајна кожа. Ан-Мари ван Геловен – постар медицински менаџер во Eucerin®, раскажува детално за разработувањето на производот, кои медицински методи биле инспирација за екипата која го разработила и како дејствува иновативната формула со двоен ефект.
Каков е механизмот на стареење на кожата? Како настануваат брчките?
Основната состојка којашто ја „пополнува“ нашата кожа е хијалуронската киселина. Со возраста, ние ја губиме способноста да произведуваме доволно хијалуронска киселина. Како резултат на тоа се појавуваат првите брчки, особено во деловите коишто се изложени на постојано движење, на пример во пределот околу очите. Процесот започнува меѓу 20-тата и 30-тата година. На почетокот знаците на стареење се незабележливи, но после 30-тата година истите стануваат видливи.
Што Ве инспирираше за да го создадете Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум и како го разработивте производот?
Сите наши производи со подмладувачки ефект се инспирирани од најефикасните дерматолошки третмани. Започнавме со воведување на линијата Hyaluron-Filler на пазарот низ целиот свет, а идејата за неа дојде од инјектирањето на хијалуронска киселина во кожата за ефикасно намалување на фините линии, па дури и на најдлабоките брчки. Hyaluron-Filler производите активно ја снабдуваат кожата со хијалуронска киселина и истовремено ја стимулираат да произведува сопствена хијалуронска киселина. Истовремено со формирањето на брчките се успоруваат и регенеративните процеси во кожата, што води до загуба на мазниот и сјаен изглед. Затоа решивме да направиме производ којшто ќе се бори со двата проблема. Освен што помага во пополнувањето на фините линии и брчки со хијалуронската киселина, Hyaluron-Filler ноќниот пилинг и серум инспириран од ефектот на хемиските пилинзи, направен е да обезбедува нежно ексфолирање на мртвите клетки, да го помага обновувањето на кожните клетки и да ја измазнува кожата. Откривме дека комбинацијата од серум со хијалуронска киселина и комплекс алфа-хидрокси киселини (АHА) видно го подобрува изгледот на кожата. За да ги поддржиме целосното дејство и стабилноста на двете формули различни по конзистенција, истите ги разделивме во иновативнa опаковка, составена од два дела. Со истовремено истиснување од двата контејнери, двете формули се соединуваат непосредно пред употреба, само со едно притискање на пумпичката.
Што го прави Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум толку посебен и по што се разликува од останатите производи од линијата Hyaluron-Filler?
Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум е нашиот прв комбиниран производ за пилинг и нега на кожата. Тој прави ефикасно отстранување на површинските клетки, обновување на кожните клетки и пополнување на брчките. Производот ефикасно ја хидрира кожата, ја намалува длабочината на фините линии и брчки, ја измазнува кожата и го помага отстранувањето на кожни несовршености како на пример дамки и комедони. Со напредување на возраста, процесот на обновување на кожата се успорува. Тоа води до неефикасно ослободување од мртвите клетки, што прави да ја чувствуваме погруба и без сјај. Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум ја ексфолира кожата многу нежно, оставајќи ги на површината новоформираните кожни клетки, што кожата ја прави помазна и сјајна.
Какво е двојното дејство на Eucerin® Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум? Кои се активните состојки и како делуваат?
Имаме два производи складирани во два одделни контејнери, коишто се соединуваат непосредно пред употреба. Едниот контејнер содржи кремаста емулзија од алфа-хидрокси (AHA) киселински пилинг- комплекс, којшто ги отстранува мртвите клетки, ја измазнува површината на кожата и ја помага нејзината регенерација. Дополнително вклучивме и сапонин – многу моќна биоактивна состојка, којашто го стимулира природното производство на хијалуронска киселина и колаген во кожата. Другиот контејнер содржи свеж гел-серум којшто е комбинација од хијалуронска киселина со голема молекуларна тежина ( ја задржува влагата во кожата) и хијалуронска киселина со мала молекуларна тежина (со 40 пати помали молекули), којашто навлегува во длабочина и го помага пополнувањето дури и на најдлабоките брчки.
Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум содржи нов комплекс од алфа-хидрокси киселини (AHA)? Како делува и кои се новитетите?
Ексфолирачкиот комплекс од алфа-хидрокси киселини (AHA) вклучува две добро проучени и добро познати алфа-хидрокси киселини и една алфа-хидрокси киселина од нова генерација, наречена полихидрокси киселина (PHA).Првата од алфа-хидрокси киселините е гликолна киселина, продира добро и дејствува во горниот слој на епидермисот. Втората алфа-хидрокси киселина е млечната киселина, има лесен ексфолијативен ефект и е една од таканаречените природни хидратантни фактори на кожата (ХФК). Полихидроксилната киселина е глуконолактон – деликатен пилинг агенс, којшто постепено навлегува во кожата. Нашите тестови покажаа дека оваа комбинација од три киселини го овозможува најдобриот баланс меѓу висока ефикасност и подносливост од кожата, правејќи го на тој начин Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум производ погоден за сите типови кожа и за секојдневна употреба.
Колку е ефикасен Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум и како го тестиравте производот?
Гарантираме пред лекарите, фармацевтите и клиентите, коишто нѐ препорачуваат, дека нашите производи обезбедуваат значајна корист и се истовремено безопасни за употреба. За таа цел, производите задолжително ги тестираме во вештачки услови и во природна средина на живи организми. Тестовите во вештачки услови (коишто се спроведуваат на клетки), како и тие на експериментални модели, се изведуваат во нашите лаборатории. Како следен чекор се спроведуваат тестови на живи организми. Преку нив ја оценуваме ефикасноста и подносливоста на производот, кога тој се користи од страна на луѓе со различен фототип и состојба на кожа, како и со различни состојби, на коишто се стремиме да влијаеме – во тој случај умерени до длабоки брчки, значајно присуство на комедони (црни и бели), кожа со нерамномерна пигментација или acne tarda(акни кај возрасни). Клиничките проучувања ги правиме под контрола од дерматолог, користејќи сигурни и докажани методи за објективно оценување на намалувањето на длабочината на брчките, обновувањето на кожните клетки, како и за безбедноста и подносливоста на производот кај луѓе со различни типови на кожа. После овие проучувања следат тестови со производи во употреба, коишто ни даваат реални докази и оценка на очекуваната корист од нив.
Сите проучувања покажаа значаен ефект и бројни придобивки за корисниците и експертите. Исто така покажаа забележителни и мерливи резултати во однос на хидратација на кожата, обновување, регенерација и измазнување на површинскиот слој, како и намалување на длабочината на фините линии и брчки.
За кого е наменет Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум?
Овој производ е наменет за секого како дел од ноќната нега за кожата и особено за оние корисници коишто сакаат помазна кожа со поубав тен, намалување на видливите пори, фините линии, па и подлабоките брчки. Погоден е за сите коишто веќе користат хијалуронски серуми и ексфолијанти и преферираат да ги комбинираат во текот на ноќта, како и за луѓе коишто се претпазливи да користат ексфолирачки средства поради слабост на капиларните ѕидови и склоност истите да се прошируваат и пукаат. Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум го дополнува нашиот асортиман. Со оглед на фактот дека концентрацијата на хијалуронска киселина во кожата започнува да се намалува меѓу 20-тата и 30-тата година поради намалување на регенеративната способност на организмот, нашата препорака до корисниците е да не чекаат да се појават видливи знаци на стареење. Најдобро е да се започне со соодветна нега уште пред фините линии и брчки да станат забележливи, како на пример со производи коишто содржат хијалуронска киселина, со цел добро хидрирана и мазна кожа. Производот се разбира е наменет за позрела кожа и за сите фототипови. Ние сме првата компанија, којашто вклучува во испитувањата и луѓе со acne tarda (акни кај возрасни) и со кожа склона кон несовршености, а резултатите се ветувачки.
Како да го употребувам Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум? Бидејќи станува збор за пилинг, можам ли да го употребувам производот секојдневно?
Создадовме производ, погоден за секојдневна употреба. Резултатите според дерматолошката оценка покажаа дека Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум се толерира добро во тек на целата година од страна на сите испитаници вклучени во испитувањето и не води до зголемен ризик од прекумерна ексфолијација. Но, не препорачуваме пред негова употреба да се употребуваат механички средства или ексфолирачки препарати за чистење на кожата. Од друга страна пак, се препорачува кожата прво да се исчисти и тонизира, па потоа да се нанесе Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум или друг ноќен производ за хидратација. Нанасете го производот со нежни масажни движења. Нема потреба од триење и втривање – оставете на производот да си ја заврши работата во текот на ноќта.
Зошто овој производ со двојно дејство се користи во текот на ноќта?
Користејќи го производот како дел од Вашата ноќна нега, вие овозможувате тој да делува на кожата во текот на ноќта, додека спиете. Истовремено, не ја оптеретувате
утринската нега на кожата со уште еден производ, имајќи предвид дека веројатно имате ограничено време и веќе користите серум, хидратантен крем и задолжителна заштита од сонцето. Ние предлагаме соодветен Hyaluron-Filler производ за дневна нега, којшто е со SPF 30 и UVA заштита. Алфа-хидрокси киселините делуваат со својот пилинг ефект во текот на ноќта, па со дневниот крем сакаме да го заштитиме новиот површински слој кожни клетки. За потхранување и забрзана регенерација во текот на ноќта го советуваме богатиот ноќен крем, кој овозможува добро хидрирана, посјајна и мазна кожа, бидејќи ако се чувствувате и изгледате добро наутро, голема е веројатноста да имате и прекрасен ден.
Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум
- двојно дејство во едно – ексфолира за обновување на кожата и ги пополнува дури и најдлабоките брчки;
- хидрира;
- ги намалува порите;
- за помладолика, сјајна и мазна кожа.
Ан-Мари ван Геловен има работено на различни стратешки и оперативни позиции во фармацевтската и биотехнолошката индустрија. Ја сака дерматологијата, естетиката и козметиката и била успешен предприемач во таа област. Пред неколку години Ан-Мари се придружи на екипата на Баерсдорф како постар меѓународен медицински менаџер и експерт за возрасна кожа. Таа помага во разработувањето на актуелни, ефикасни дермокозметички производи и иновации, препорачувани од дерматолози, фармацевти и корисници ширум целиот свет.