(ФОТО) Пресуши Дунав: Вакво нешто не се памети!

Поради значително намалениот водостој на Дунав, речиси целосно запре сообраќајот низ унгарскиот дел на втората по големина река во Европа, објави денес Радио-Кошут.

Водостојот е значително низок и во Нови Сад, а на фотографиите споделени на социјалните мрежи можете да видите како граѓаните шетаат на местото на кое претходно имаше вода, како и мостот Слобода под кој нема вода.

Дунав (гер. Donau, слов. Dunaj, унг. Duna, ром. Dunărea, хрв. Dunav, ср. Дунав, укр. Дунай) e најдолгата река во Европската Унија и втора најдолга европска река (после Волга).

Таа е единствената голема река во Европа, која тече во насока од запад на исток. Извира од планината Шварцвалд (со надморска височина на изворите 1078 метра) во Германија, кадешто две помали реки, Бригах и Брег, се сливаат во селото Донавешинген и оттаму реката се нарекува Дунав. Од тоа место таа тече на југоисток во продолжение на 2859 км, вливајќи се преку делта (која се граничи со Украина) во Црно Море на романска територија.

Поминува низ многу земји од средна и источна Европа: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Романија, Молдавија и Украина. Минува низ повеќе главни градови и тоа: Виена, Братислава, Будимпешта, Белград, Букурешт, Кишинев.

При вливот во Црно Море таа се разделува на три ракава – Килиски, Сулински и Георгиевски. Најсеверниот – Килискиот ракав, служи за граница на Романија и Украина. Средниот ракав – Сулинскиот, е најполноводниот и најдлабокиот.

Translate »