Силното невреме во Прилеп предизвика штети
Силното невреме што денеска го зафати Прилеп проследено со пороен дожд и град им направи огромни штети на земјоделските култури.
Според првичните процени на општинските комисии, зафатени се над 300 хектари главно во атарите на Мало и Големо Коњари, месноста „Орде Чопела“ и атарот на населбата Варош. Сто отсто се уништени површините со тутун, пиперки и житни култури.
Комисиите ги повикаа земјоделците од утре да почнат да ги пријавуават штетите. И во текот на утрешниот ден комисиите ќе излезат на терен иако денеска првично беа во атарите на погодените реони.
Земјоделците велат дека вакво невреме не паметат во последните 25 години.