Ваков татко никој не би посакал
31-годишниот Роман Афанасиев од Русија само за да стекне популарност на социјалните мрежи, од покривот на деветти кат мавтал со својата тримесечната ќерка, држејќи ја за нога. Пред судот објаснил дека сакал бебето да го види светот од друг агол.

Но, суровиот татко не запрел тука. Желен за слава, се сликал како во автомобил, со полна брзина, го остава воланот и го вади беспомошното бебе преку прозорец.

Сепак , судот му прогледал низ прсти и му досудил казна од 300 часови општестевно корисна работа, наместо, како што многумина очекуваа, затвор.

