Дајте ѝ сјај на кожата во Новата година со Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

Секоја година милиони жени почнуваат да стануваат свесни дека на нивната кожа ѝ е потребна секојдневна нега и грижа, не само за да се зачува нејзиниот изглед, туку за одржување на здравјето, еластичноста и оптималната влажност на кожата. Потрудете се да ја направите оваа година која доаѓа биде уште подобра за вас, а започнете од грижата за себеси со производите од линијата за медицинска козметика на Eucerin.

Со секоја измината година ваша кожа старее, а нејзината структура и изглед се менуваат. Долгата и непредвидлива 2020 година сигурно влијаеше и на здравјето на вашата кожа, иако тоа не е забележливо на прв поглед. Затоа, вашата новогодишна резолуција за 2021 година нека биде грижата за себе и вашето здравје, а ние ќе ви покажеме како да ѝ ја пружите најдобрата нега за вашата кожа.

Првите знаци на стареење на кожата се појавуваат во форма на фини линии и брчки. Како што напредува процесот на стареење, кожата почнува да попушта и доживуваме губење на волуменот и контурите на лицето. Во понапредните фази на стареење на кожата, брчките се зголемуваат и продлабочуваат, додека еластичноста, цврстината и сјајот се намалуваат, а тоа значи дека на кожата ѝ е потребна соодветна нега за да остане здрава и да го зачува мазниот изглед.

Eucerin Hyaluron-Filler пилинг и серум е иновативен производ којшто од една страна овозможува траен пилинг-ефект, а од друга страна ја измазнува кожата и ги пополнува брчките. Станува збор за нов подмладувачки производ за нега на кожата со двојно дејство кој обезбедува помазна и помлада кожа, преку инјектирањето на хијалурон и пилинг со алфа-хидрокси (овошни) киселини, два добро познати дерматолошки клинички методи со докажана ефикасност. Деликатните состојки видно го подобруваат релјефот на кожата и дејствуваат дури и на најдлабоките брчки во текот на ноќта.

Се препорачува да се нанесува со нежни масажни движења на добро исчистена кожа. За оптимални резултати Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум треба да се нанесува навечер пред ноќниот крем за нега којшто го користите, како на пример Hyaluron-Filler ноќен крем.

Translate »