По петти пат среќник -Даниел Дончевски го фати крстот во водите на Вардар
Младиот скопјанец Даниел Дончевски по петти пат го извади светиот крст од водите на реката Вардар кои претходно ги освети архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и свештенството на МПЦ-ОА.
Тој им посака здравје и среќа на сите православни христијани во државата.
Младиот Даниел наградата и ја посвети на 9-годишната Биле Пешевска од Кратово која се бори со тешка болест.