Маж ми дома чува бебе, а јас го изневерувам со други мажи

Нашата соговорничка од едно мало гратче на југот на државата ни ја раскажа својата приказна, но не замоли да остане анонимна. Добивме само  дозвола да ја споделиме нејзината дилема  со вас…

“Работам  како крупие во казино 4 дена неделно. Во меѓувреме, мојот сопруг се грижи за нашето синче. Заедно сме веќе пет години и бракот ни е одличен. Кога ни се роди синот се беше супер, но по шест месеци останавме без денар,и јас морав да си најдам работа. Мажот ми, за среќа,  работи како  готвач така што тој можеше да остане дома за да го чува детето кога јас сум на работа. Аплицирав за работно место крупие  во казино.  Работата веднаш ја добив, најверојатно затоа што му се допаднав на шефот. Точно е дека имав искуство како крупие, но мојата кратка црна сукња беше клучна да ја добијам работата.  Го потпишав договорот, а добив и сместување во хотелот затоа што живеам во друг град. Веќе првата вечер додека се облекував за работа, на мојата врата тропна шефот и јас го поканив да влезе во собата. Ми го донесе беџот со моето име. Со честитки и насмевка го закачи на мојата блуза и случајно ми ги допре градите. Веднаш ми се извини, а јас му реков  дека нема проблем и се насмеав. Се погледнавме и се бакнавме. Не можев да кажам не, ми се допаѓаше,а и чувствував дека му должам за работното место кое го добив. Таа вечер завршив во кревет со него. Во тие слатки  моменти , сфатив дека мажот ми нема никогаш да дознае, освен ако јас не му кажам.  Јас сум слободна жена и можам да правам што сакам, си повторував во себе. А фактот што не сум во мојот роден град, туку сама во хотел полн со странци и секакви жени, уште повеќе ми даваше чувство на слобода и безгрижност. По неколку дена, повторно го изневерив сопругот, овојпат со странец кој се коцкаше на мојата маса. Самата го поканив во мојата соба.Еве, веќе неколку месеци работам во казиното, а авантурите со други мажи  станаа мое секојдневие. Се навлеков на секс и возбудата што ми ја дава водењето љубов со непознати мажи. Сопругот ништо не знае, тој е дома и ни го чува детето. Дури , можам да кажам дека нашиот интимен живот сега е  многу подобар. Се прашувам до кога ќе трае сето ова. Дали да ја прекинам работата која ме прави среќна или да продолжам да живеам во грев?”

Translate »