Џенифер Анистон или Анџелина Џоли , која подобро се бакнува?
Ова прашање му беше поставено на шкотскиот актер Џерард Батлер, кој соработувал со двете актерки и бил во ситуација да ги почувствува нивните усни.
Во емисијата “Гледај што во живо се случува со Енди Коен” тој требаше да одговара на тешки прашања.Прашањето кое тој навистина не го очекуваше беше –Дали подобро се бакнува Џенифер или Анџелина? По кратко двоумење, одговорот беше: Анистон! Еве ве изненадив!
Тој со Анистон играше во романтичната комедија “Лов на бившата жена”, а со Џоли во “Лара Крофт Томб Рајдер: Лулка на животот”.