Едина Муса-Секогаш атрактивна без разлика дали носи дрес или здолниште со високи потпетици

Иако спортот и женственоста не одат заедно, Едина Муса го докажува токму спротивното. Секогаш атрактивна без разлика дали носи дрес или здолниште со високи потпетици.

Кои се твоите рутини за нега на лицето и телото?

Не можам да си го замислам денот без активен кислород и мицеларен раствор. Активниот кислород го користам за време на моите тренинзи, со цел порите да можат да се прочистат од самата пот, и кожата нормално да дише.  Од друга страна мицеларниот раствор го користам по завршување на тренингот за чистење и освежување на самата кожа.

Без што не можеш да го замислиш твојот несесер!

Мојот несесер никогаш не е преполн , но еден од производите за кој сигурно  и во секое време има место е кремата за лице, користам Еуцерин Аква Порин и тоникот Eucerin Dermato Clean

Кога се чувствуваш најпривлечно?

Јас сум личност со самодоверба и со многу позитивна енергија. Жената што се сака себеси и која вложува во својот изглед и здравје, не може а да не се чувствува привлечно. Самодовербата ја храни убавината на една жена. Па зарем има нешто поубаво од жена која нема допирна точка со ароганција, а зрачи со самодоверба. Најпривлечно се чувствувам во некоја спортска варијанта, бидејќи тоа сум јас.

Translate »