Филипче: Премногу е рано да зборуваме за организација на избори
Министерот за здравство Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање за изборите кажа дека ситуацијата со коронавирусот во нашата земја е слична како кога се одложија изборите кои првично беа закажани за 12 април и дека целиот здравствен систем е во вонредна состојба, спремен за справување со Ковид-19.
„Сметам дека е премногу рано да зборуваме за било какво друго дополнително олабавување на мерките и согласно тоа било каква организација на настан како што се на пример изборите. Фокусирани сме на тоа како се почитуваат мерките. Фокусирани ќе бидеме и за тоа како ќе биде организиран следниот викенд. Значи, апсолутно е се уште рано да предвидиме било што такво“, рече Филипче.