Силно невреме го погоди Истанбул со дожд, торнада и грмотевици – едно лице го загуби животот
Властите во Истанбул објавила дека едно лице го загубило животот во силното невреме во овој турски град, проследено со торнада и грмотевици.
Силно невреме, проследено со грмотевици и торнада го погоди вчера Истанбул. Во невремето загинал еден 30-годишен маж од Сирија.
Истанбулската метеоролошка служба предупреди со жолт код за очекуваното лошо време во метрополата, но и покрај тоа, милиони жители на Истанбул не можеа ни да го замислат лошото време кое дошло.
Во населбата Бешикташ голем број на автомобили останале потопени до половина, а плоштадите и улиците се претворени во реки. Во областа на Босфорот и околината, дождот се претворил во град.
Невремето корнело дрвја во областа Аџибадем, а торнада се формирале во Чаталџа и Хадумкој. Локалните медиуми информирале дека такви торнада можело да се видат само на холивудските филмови.
Метеоролизите предупредуваат дека слично невреме се очекува и денес.hasan@HasanHasanokte
Tornado in Turkey istanbul
4Twitter Ads info and privacySee hasan’s other TweetsYücel Beytaş@YucelBeytas
Çatalca’da hortum çıktı #çatalca #hortum
10Twitter Ads info and privacySee Yücel Beytaş’s other TweetsSinyor Tinerci @SinyorTinerci
Heralde #hortum en net görüntü budur #dolu
79Twitter Ads info and privacy29 people are talking about this