ТРАМП ОБЈАВИ ВИДЕО НА ТВИТЕР НА КОЕ АФРОАМЕРИКАНЕЦ ТЕПА БЕЛЕЦ: КАДЕ СЕ СЕГА ДЕМОНСТРАНТИТЕ? (ВИДЕО)

На социјалните мрежи во САД кружи видео од нападот во Мичиген, на кое се гледа како Афроамериканец тепа белец, а видеото на неговиот Твитер профил го објави и претседателот Доналд Трамп.

За разлика од видеото за полициското убиство на црнецот Џорџ Флојд во Минеаполис, Минесота, чие убиство од страна на полицијата предизвика големи протести и немири низ САД, жртвата во ова видео преживеала, јавува Индекс.

Меѓутоа, во овој случај, црнецот бил напаѓачот, а жртва бил белец – поточно, продавачот во стоковната куќа на добро познат ланец за малопродажба.
Нападот се случил на 15 мај, по што видеото излезе и се прошири на социјалните мрежи, а денес го сподели на Твитер и американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој го повтори мислењето на Мет Волш, колумнист за американскиот десничарски портал Дејли Вајр, кој го основаше политичкиот коментатор Бен Шапиро.

„Погледнете што се случува овде. Каде се демонстрантите? Дали е уапсен овој човек“, прокоментира Трамп.Matt Walsh@MattWalshBlog

This guy brutally assaulted a Macy’s employee because of his race and then slandered him by claiming he said the n-word, which was a lie. This is a horrific hate crime and if the races were reversed it would be the only thing we talk about for days.


46.8KTwitter Ads info and privacy29.6K people are talking about this

Translate »