Актерот Владо Јовановски и фрли ракавица на историската комисија со Бугарија
Актерот Владо Јовановски се шегува со бугарските националисти кои пред неколку дена се обидоа да го претворат во традиционален Бугарин.
Јовановски објавува фотографија од периодот блиску пред или по Илинденското востание на која во централен план е прикажан востаник кој личи на него и на мајтап бара за фотографијата да одлучува историската комисија со Бугарија.
“На сликава, можно е да е Иван Цончев, а може и да не е!?
Може да е некој патник низ времето…
Во крајна линија нека одлучи комисијата за историските прашања, како и во случајот со фотографијата од “Прашина” , која веројатно е сликана пред повеќе од 100 години, како и оваа”, пишува Јовановски на неговиот специфичен начин на хумор.
Пред некоку дена бугарски националисти врз основа на фотографија од филм на Манчевски го прогласија него и актерката Николина Кујача за традиционален бугарски брачен пар.