Инфектологот Вељо Марковски-Носење маски на отворено е штетно?! – „Беспотребна паника, имаат дијареа и мислат дека е ковид-19“

Носењето на маска на отворено е штетно вели инфектологот Вељо Марковски во емисијата „Клик Плус“. Тој додава дека при носење на маска ако киваме, исфрламе милијарда микроорганизми , а од друга страна не дозволуваме да излезат од нашето тело, и цело време ги вдишуваме.

„Да не зборуваме дека белите дробови се главниот контролор на ПХ на крвта. Сега и тоа го компромитираме. Со тоа настрадаа и деца. Има деца од 7 години на кое му викаат да не ја тргне маската тој нема да ја тргне, така може да се онесвести. Тоа дишење го оптеретува срцето, крвниот притисок. Така да, носење на маска е штетно. На отворено зборувам“, вели Вељо Марковски.

Во собраниска процедура се измените на законот за заштита од заразни болести, со кој практично треба да се овозможи стапување на сила на една од новите мерки како што е задолжително носење на маска на отворено.

Тој смета дека непотребно се создава паника, и луѓе кои имаат дури и цревни инфекции, мислат дека имаат коронавирус.

„Се јавуваат луѓе со цревни инфекции има дијареа и доаѓаат и мислат дека имаат Ковид. Со тоа се прави притисок на здравствениот систем, се прави птитисиок и на тие малку доктори кои останаа“, посочи Марковски.

Марковски објасни исто така како да се лекуваме од коронавирус. Тој смета дека има различно лекување доколку имате лесни, тешки и најтешки симптоми.

„Ако пациентот има само лесни симтоми, доволно е само витамини, мирување, чаеви… Ако е компликација бактериска, да се види која бактерија е, и да се лекува бактеријата. Ако падне во тешка состојба. Доколку стигне до интензивна нега, тогаш треба да е оцени кое време се ставаат на респиратор“, додава Марковски.

Тој објасни дека позитивен тест на коронавирус без симптоми не е болест, туку може само да е инфекција.

https://youtube.com/watch?v=SRKCv4CrCVo%3Ffeature%3Doembed%26enablejsapi%3D1

Translate »