Лазаров изненаден од Исланд: Ме загрижува една работа

Кирил Лазаров по стартната победа против Јапонија на Светското првенство напомена дека на овој состав на Македонија му недостасува квалитет и искуство во споредба со тимовите кои ги имавме во минатите години, а на денешниот тренинг направи мала анализа за тоа што не очекува утре, но и во следните неколку дена на мундијалот.

За разлика од другите македонски играчи, капитенот смета дека смета дека Бахреин е посериозен и понезгоден ривал од Јапонија, а исто така нагласи дека го загрижува тоа што сега следи периодот од првата фаза кога ќе се игра ден за ден, што може да претставува голем проблем со оглед на скромниот избор на клупата.

– Се уште немаме видено ништо од Бахреин поради технички проблеми со видеата. Но, од информациите кои ги добивме од нивниот вчерашен меч со Шпанија, станува збор за поквалитетна репрезентација од Јапонија што само не обврзува да влеземе многу претпазливо во натпреварот. Не смее да не успие победата од девет разлика на првиот меч, очекувам тежок натпревар и тешка борба, – истакна Лазаров кој во продолжение даде коментар за вчерашниот меч меѓу Хрватска и Исланд.

– Хрватска е екстра квалитетна репрезентација, секогаш има големи амбиции на турнирите и нивната амбиција е медалот. Што се однесува до Исланд, мора да кажам дека многу ме изненади. Имаат доста промени на неколку позиции, но посебно го почитувам нивниот тренер Гудмундсон кој беше олимписки шампион со Данска во 2016 година. Ме загрижува тоа што од утре ќе почне циклусот на играње натпрвеари ден за ден, ќе нема ден пауза за да се опоравиме. Да не се повторуваме, ростерот ни е таков каков што ни и ме загрижува тоа што ќе немаме одмор, ќе нема време ниту за анализи, ниту за одмор, – додава капитенот.

Translate »