Научници: Коронавирусот може да опстане во воздухот до 3 часа, а на пластични и железни површини и до 3 дена
Една нова студија која се занимава коронавирусот САРС-КоВ-2, кој ја предизвикува болеста КОВИД-19, дојде до важни заклучоци за новиот вид на вирус со кој светот се бори последните три месеци. Научниците откриле дека вирусот преживува во воздухот до три часа, а може да трае и до три дена на пластични и челични површини, пренесува Fox News.
Студијата, објавена на страницата medRxiv, покажува дека новиот коронавирус може да живее на бакарни површини четири часа, а до 24 часа на картон.
„Резултатите што ги добивме укажуваат дека вирусот се пренесува преку воздух и преку предметите што ги користиме и дека може да остане жив во честички на воздухот до неколку часа, додека на површините на предметите може да живее и до неколку дена“, рекоа истражувачите на студијата.
Друга студија, објавена во февруари, дојде до заклучок дека КОВИД-19 е сличен на другите коронавируси, како што се САРС и МЕРС, и дека може да преживее на метал, стакло и пластика до девет дена. За споредба, вирусот на грип може да преживее на површините што не опкружуваат во просек од 48 часа. Таа студија, објавена во списанието „Journal of Hospital Infection“, сугерираше дека коронавирусите можат да бидат „оневозможени“ за една минута со употреба на средства за дезинфекција кои содржат „62-71 проценти етанол, 0,5 проценти водороден пероксид или 0,1 проценти натриум хипохлорит “, додека другите агенси кои содржат” 0,05-0,2% бензалкониум хлорид или 0,02% хлорхексидин “се помалку ефикасни.
Во моментов нема ефикасен лек за вирусот КОВИД-19 и во тек се истражувања за да се најде вакцина