Груевски докторираше, Боркица не дојде
Поранешниот премиер Никола Груевски денеска на Економскиот факултет во Скопје го одбрани својот докторат. Први му честитаа неговите две ќеркички и неговата мајка Нада. Неговата сопруга пак, Боркица воопшто не се појави на факултетот.
Докторската дисертација чија тема е „Економски ефекти на различни видови меѓународни текови со посебен осврт за Македонија“ ја одбрани јавно, во полуполна сала.
Во текот на бранењето не беше дозволено снимање и фотографирање, но откако официјално стана доктор по економски науки, на новинарите им дозволија снимање инсерти и фотографирање.
Освен присутни членови од неговото потесно семејство, присутни беа новинари, професори од комисијата и неговиот ментор Михаил Петковски.
Преземено од Nezavisen.mk